четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Игуаин ја заврши репрезентативната кариера

Игуаин ја заврши репрезентативната кариера

Фудбалерот на Челзи, Гонзало Игуаин одлучи да ја заврши кариерата во репрезентацијата на Аргентина, објави дневниот спортски  весник „Оле“.

Во интервју за медиумите, Игуаин призна дека неодамна добил повик од селекторот на националниот тим, Лионел Скалони, но напаѓачот повеќе не планира да игра за Аргентина.

– На задоволство на многу луѓе и сите останати, би сакал да кажам дека Скалони повеќе не треба да се грижи за мене. Сите секогаш ги памтат пропуштените можности, а не некој успех. Оние што ме критикуваат веројатно заборавиле на голот против белгискиот тим на Светското првенство 2014 година, изјави Игуаин.

Коронавирус