петок, 4. декември 2020. Вести денес: 85
home Фудбал

Игуаин го стопира трансферот во Милан

Игуаин го стопира трансферот во Милан

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин го намали ентузијазмот на тифозите на Милан и за моментов останува играч на торинскиот клуб, пишуваат италијанските медиуми.

„Ел Пипита“ не е задоволен со два услова во договорот. Аргентинскиот стрелец инсистира на тоа тој да биде продаден на „росонерите“, а не да биде отстапен.

Другата разлика е во параметрите на договорот на Гонзало со Милан. Тој бара годишна плата од девет милиони евра.

Засега, од „Сан Сиро“ му нудат 7,5 милиони евра и тоа не го задоволува Јужноамериканецот.

Коронавирус