сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Фудбал

Игуаин го пропушта Бетис, неизвесен за средбата со Јувентус

Игуаин го пропушта Бетис, неизвесен за средбата со Јувентус

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин се повреди на синоќешниот натпревар од 11-тиот круг на шампионатот на Италија против Удинезе (1:0). Аргентинецот во 35-та минута го напуштил теренот поради болка во грбот по судир со противнички играч.

Игуаин се очекува да го пропушти натпреварот од Лигата на Европа против Бетис, но да закрепне за средбата со италијанскиот шампион Јувентус неговиот поранешен клуб.

-Почувствува болка во грбот. И претходно имал слични проблеми. Имаше дури и операција. Но, сега ситуацијата не изгледа сериозно, соопшти тренерот Џенаро Гатузо.

Игуаин оваа сезона има одиграно девет натпревари за Милан и постигнато пет голови.

Коронавирус