недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Фудбал

Играше против Барса во ЛШ, па имаше успешна операција на срцето

Играше против Барса во ЛШ, па имаше успешна операција на срцето

Играчот на Баерн, Кингсли Коман, имаше операција на срцето само два дена откако го одигра натпреварот во Лигата на шампионите против Барселона.

Французинот беше на теренот во последните 10 минути на тој меч, а по враќањето во Германија, беше одлучено да биде опериран.

Медицинскиот тим на клубот од Минхен извесно време ја следеше здравствената состојба на францускиот фудбалер. Утврдено е дека има проблем со отчукувањата на срцето и затоа е опериран.

– Коман вчера имаше мала операција. Неговото отчукување на срцето не беше правилно бидејќи имаше дополнително мало отчукување на срцето кој му правеше проблем. Би останал без здив во еден момент – изјави тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.

Клубот објави дека Коман се чувствува добро по операцијата, но не е познато колку долго ќе отсуствува од терените.

Коман има 25 години и е роден во Париз. Почна да игра фудбал во ПСЖ, беше член на Јувентус пред да дојде во Баерн во летото 2017 година.

Локални избори 2021