понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 139
home Фудбал

Играчот на Лион доби жолт картон поради дриблинг

Играчот на Лион доби жолт картон поради дриблинг

Фудбалерите на Лион на свој терен го победија Тројес со 3:1.

До победата Лион дојде со пресврт. Гостите ги шокираа домаќините кога со голот на Чавалерин поведоа со 1:0. Меѓутоа Лион во второто полувреме постигна три гола и дојде до победата.

Во втората минута од судиското продолжение во центарот на вниманието се најде Бразилецот, Лукас Пакета. Имено, тој доби жолт картон поради дриблинг. Пакета на интересен начин се обиде да го издрибла играчот на Тројес, топката сепак на крајот заври во аут. Главната судијка на натпреварот му додели жолт картон затоа што се обидел да го понижи противникот.

Локални избори 2021