вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Играчите на Реал Азар и Касемиро позитивни на ковид-19!

Играчите на Реал Азар и Касемиро позитивни на ковид-19!

Само што се врати на терените, врза три натпревари, фудбалерот на Реал Мадрид Еден Азар повторно ќе мора да паузира. Но, овојпат причина не е повреда, туку позитивен тест на ковид-19 поради кој Белгиецот ќе мора да оди во изолација.

А покрај Азар, како што денеска официјално соопштуваат од Сантјаго Бернанеу, позитивен на коронавирусот е и Каземиро.

– Реал Мадрид објавува дека нашите играчи Каземиро и Азар имаат позитивни резултати на тестовите на ковид-19 кои се направени во петокот наутро. Сите останати фудбалери и стручниот штаб од првиот тим, како и сите вработени кои директно работат со нив, се негативни на истото тестирање – информираат од „кралскиот“ клуб.

Потсетување, пред мечот од третото коло во Лигата на шампионите против Интер и Едер Милитао имаше позитивен тест на ковид-19, но тој во меѓувреме се опорави.

Азар и Каземиро ќе го пропуштат дуелот со Валенсија која ќе го пречека шпанскиот шампион в недела од 21.00 часот, како и претстојните средби на репрезентациите на Белгија, односно Бразил.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан за новиот лигашки натпревар нема да може да смета и на Дани Карвахал, Алваро Одриозола и Начо кои се повредени, но и на Милитао кој не е доволно подготвен откако претходниот период го помина во карантин.

Локални избори 2021