понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 50
home Фудбал

Играч од Свети Николе „фати милионче“

Нова добивка од милион денари во “Sport Life”
Играч од Свети Николе „фати милионче“

Викендов, играчот на Sport Life во Свети Николе  успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од Sport Life.

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал иако од различни првенства навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте  (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без  проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94 минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79 минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка, и тоа по втор пат за една недела во Sport Life.

Коронавирус