сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Фудбал

Играч на Интер потпиша за Осогово

Играч на Интер потпиша за Осогово

Амбициозниот второлигаш Осогово доби големо засилување во новата сезона во името на искусниот Ацо Стојков.

Поранешниот репрезентативец ќе се обиде да му помогне на тимот да ги оствари своите цели оваа сезона во Втората лига Исток иако Осогово не стартуваше како што треба. По првите три кола има три порази.

Стојков има одиграно 42 натпревари за македонската репрезентација. Тој е поранешен играч на Интер, а фудбалскиот пат го однесе во многу клубови како Специја, Партизан, Дебрецин, Арау, а во домашното првенство имаше одлични настапи за Вардар и Работнички.