среда, 4. август 2021. Вести денес: 101
Вонредна вест

ГОЛЕМ РАСТ: 164 новозаболени од коронавирус, починаа три лица

home Фудбал

Игор Ангеловски: Оваа е моја последна прес конференција како селектор на репрезентацијата

Игор Ангеловски: Оваа е моја последна прес конференција како селектор на репрезентацијата

Полн со емоции, па и покрај убедливиот пораз, македонскиот селектор Игор Ангеловски на денешната своја последна прес-конференција како предводник на репрезентацијата не се осврна премногу на натпреварот во Амстердам и поразот од 3-0 од Холандија.

Ангеловски не сакаше да го коментира критериумот на судењето, а посебен говор издвои за капитенот Горан Пандев.

„Нормално е како тренер и селектор да поставите цел да ја минете групата. Поставивме цел, резултатски не успеавме, но оставам оние кои ќе дојдат по мене да прават и подетални анализи околу тоа кој од фудбалерите задоволи кои потфрлија. Не би коментирал околу судењето, никогаш не сум зборувал за тоа, Што се однесува до Горан Пандев, сите овие пет и пол години беше задоволство да се работи со личност и професионалец како Горан“, рече Ангеловски.

Селекторот Ангеловски скоро целосно зборуваше за турнирот и даде прв обид за генерална оценка. „Кога ќе се намалат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Можам само да кажам дека беше задоволство да се води Македонија на Европско првенство и заедно со навивачите да се претатавиме на континенот. Не треба да бидеме разочарани, ние го пробибавме „мразот“.

Сакам да искажам благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, до фудбалерите, предводени од Горан Пандев, вам новинарите и на крај на моето семејство. Ова се моменти кои ќе ги паметам цел живот. Неблагодарно е сега да делам кој задоволил, а кој не. Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам и среќен сум што бев дел од сето ова.

Мојот договор завршува, ова е моја последна прес-конференција и моја последна активност со федерацијата, со оглед на тоа што договорот ми истекува на 31 јуни“, рече Ангеловски.

 

Коронавирус