недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 62
home Фудбал

Игор Ангеловски го повика Стефан Ашковски

Игор Ангеловски го повика Стефан Ашковски

Македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски ќе прави мини-камп на кој ќе ги разгледува сите нови опции од домашното првенство, но и од неколку играчи кои ќе добијат дозвола да пристигнат од странство.

Дополнителен повик доби Стефан Ашковски кој настапува во романски Ботошани. Ашковски е член на сениорската репрезентација од 2015 година и има запишано досега три настапи.

Кампот ќе се одржи од 15-17 февруари, а тренинзите ќе се одржуваат на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Тест-натпреварот против Работнички е закажан за последниот ден со почеток од 14:00 часот.

ЕУРО 2020

Македонија