вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Фудбал

Игор Ангеловски: Дојдовме тука се со цел да се бориме за пласман во осминафиналето и таа цел уште стои

Игор Ангеловски: Дојдовме тука се со цел да се бориме за пласман во осминафиналето и таа цел уште стои

Пред утрешната средба со Украина во рамките на второто коло на ЕП на денешната средбата со новинарите македонскиот селектор Игор Ангеловски потенцира дека нашиот тим поседува квалитет и ќе се обидеме да го добиеме овој меч.

„Најважната лекција е да верувам дека имаме квалитет и тоа го покажавме во делови од натпреварот. Сакавме да го добиеме натпреварот и во некои моменти тоа го покажавме. Кога се „кршеше“ резултатот имавме две шанси и не ги реализиравме. Ова е Европско првенство, мора да останеме концентрирани, играме со селекции од висок ранг, и само така имаме шанси против Украина. Дојдовме тука со цел да се бориме за пласман во осминафиналето и таа цел уште стои и е пред нас. Ова е своевидно финале, победникот од натпреварот ќе ги зголеми шансите за осминафинале. Доколку Украине не успее да ја мине групата, тоа за нив е трагедија. Ќе играме против многу квалитетна селекција, покажаа карактер и се вратија од 2-0 против Холандија Имаат квалитетни индивидуалци како Малиновски, Зинченко, Јармоленко, но и ние имаме свои адути. Ние не чувствуваме притисок како нив. Не би можел да кажам повеќе за и околу тимот и тоа ќе го одлучиме по завршувањето на официјалниот тренинг.

 

Коронавирус