вторник, 30. ноември 2021. Вести денес: 177
home Фудбал

ИФАБ: Предлогот за 25 минутно полувреме ставен на разгледување

ИФАБ: Предлогот за 25 минутно полувреме ставен на разгледување

Меѓународниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ), задолжен за промени на фудбалските правила, соопшти денеска дека на крајот од овој месец ќе го разгледа предлогот паузата меѓу двете полувремиња на натпреварите да трае 25 минути, а во тоа време би се организирала забавна програма по примерот на американскиот Супербол.

Барањето минатиот месец го поднесе Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), сугерирајќи дека забавната програма би можела да се изведува за време на финалето на Копа Либертадорес.

Според правилото 7. од фудбалскиот законик, „играчите на полувреме имаат право на пауза не подолга од 15 минути“.

ИФАБ барањето на КОНМЕБОЛ ќе го стави на разгледување на онлајн состанокот закажан за 27 октомври.  (МИА)

Коронавирус