Медиумите во Шведска најавуваат дека фудбалерот на италијански Милан Златан Ибрахимовиќ ќе добие шанса одново да заигра во репрезентативниот дрес на оваа земја.
Шведски „fotbolldirekt.se“ објави дека првиот напаѓач на Милан ќе биде во конкуренција за настап овој месец и ќе се врати на натпреварите од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.
Селекторот Јане Андерсен неодамна го посети во Италија, што дополнително ги разгори шпекулациите дека наскоро Ибра одново ќе ги брани боите на својата репрезентација откако за последен пат настапи во 2016 година.
Швеѓаните во периодот кој следи ќе одиграат пријателска средба со Естонија, како и два квалификациски меча од Мундијалските квалификации, против Косово и Грузија.