понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 14
home Фудбал

Ибрахимовиќ се соочува со казна од 100 милиони евра или максимална суспензија во траење од 3 години

Ибрахимовиќ се соочува со казна од 100 милиони евра или максимална суспензија во траење од 3 години

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се најде во непријатна ситуација, бидејќи компанија во која тој е еден од инвеститорите поседува 10 отсто акции во една обложувалница, а правилата на ФИФА и УЕФА им забрануваат на фудбалерите да имаат финансиска корист од обложувалници, објави шведскиот весник „Aftonbladet“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, комапнијата „Unknown AB“ со седиште во Стокхолм, во која 39-годишниот Ибрахимовиќ е еден од акционерите, поседува 10 отсто акции во обложувалницата „Bethard.com“.

Медиумите наведуваат дека на шведскиот репрезентативец и член на Милан му се заканува парична казна во висина од 100 милиони евра или максимална суспензија во траење од три години.

-Не сме разговарале околу тоа со Ибрахимовиќ и не размислувам за можни санкции. Меѓутоа, што се однесува до правилата на ФИФА, мислам дека тие би требало да бидат појасни, бидејќи постојат различни толкувања, изјави генералниот секретар на Шведската фудбалска федерација Хакан Сјостранд.

Коронавирус