петок, 22. јуни 2018. Вести денес: 17
home Фудбал

Ибрахимовиќ пристигна во Русија и направи шоу: Тек кога ќе ја слушнете пораката која ја имаше за неговиот тим (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ пристигна во Русија и направи шоу: Тек кога ќе ја слушнете пораката која ја имаше за неговиот тим (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ како што најави дојде на Светското првенство. Секако не поради настап, барем не фудбалски.

Легендарниот шведски фудбалер беше гостин на еден настан во Москва, но логично зборуваше за Мундијалот. Светското првенство почнува денеска, со дуелот помеѓу домашната селекција Русија и Саудиска Арабија, на стадионот Лужники од 17 часот.

-Очекувања? Русија ќе победи, затоа што јас сум овде. Поради тоа Русија ќе победи, им кажа Ибра на новинарите.

Ибрахимовиќ пред медиумите се појави со своја мала фигура.

-Потребна ви е оваа статуа. Ваква ќе се стават на Ајфеловата кула, ајде да пронајдеме место за неа и во Москва, се пошегува во свој манир Швеѓанецот со потекло од Босна и Херцеговина.

-Мислам дека Шведска е под помал притисок затоа што јас не игра и затоа кај и да сум јас очекува да победам се. Тоа е мојот менталитет, сакам да освојам се. Поради тоа напорно тренирам, тоа е мојата цел, истакна Ибрахимовиќ.

Му порача на тимот на уживаат, затоа тука тој не тука и нема притисок. Тој порача дека во Русија титулата ќе ја брани Германија, иако ретко кој очекува дека ќе дојде до тоа.

Ибрахимовиќ пред Светското првенство најавуваше дека ќе дојде таму, никогаш не кажа дека ќе игра, но селекторот јасно стави на знаење дека тој не е дел од тимот.

-Најдобрите играчи дојдоа на Светското првенство, а јас се пензионирав од репрезентацијата пред неколку години. Знам дека најдобрата работа која може да ти се случи е да играш за својата земја. Светското првенство е момент за паметење не чест, сакам да им порачам на играчите да излезат на теренот и едноставно да уживаат, да ја искористат секоја секунда, затоа што тоа ќе биде засекогаш, изјави тој.

Тој сепак нема да ги гледа натпреварите на Шведска во Русија.

-Медиумите во Шведска велат дека не сум им потребен, па не мора да одам. Тука сум со својот тим, немам контакт со играчите од репрезентацијата, но имам со федерацијата затоа што јас контролирам и одлучувам кој ќе биде тренер, изјави Ибра во свој стил.