недела, 24. септември 2023. Вести денес: 23
home Фудбал

Ибрахимовиќ постигна гол 22 сезони по ред во најголемите лиги

Ибрахимовиќ постигна гол 22 сезони по ред во најголемите лиги

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец на натпреварот од 1.коло во Серија А против Болоња. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец се запиша во листата на стрелците во 22 последователни сезони во најсилните лиги.

Претходно, тој погоди за шведски Малме, холандски Ајакс, италијански Интер и Јувентус, шпанска Барселона, француски ПСЖ, англиски Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси од МЛС лигата.

Воедно, Ибрахимовиќ постигна гол на својот четврти последователен натпревар. Оваа сезона тој постигна три гола на два натпревара.