вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 18
home Фудбал

Ибрахимовиќ постави рекорд на миланското дерби

Ибрахимовиќ постави рекорд на миланското дерби

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна гол и направи асистенција синоќа во градското дерби со Интер кој победи со 4:2. Швеѓанецот со 38 години и 129 дена стана највозрасниот стрелец на гол на миланското дерби.

Досегашниот рекорд му припаѓаше на неговиот сонародник Нилс Линдолм кој играше за Милан и кој се запиша во листата на стрелците на големото дерби на возраст од 38 години и 43 дена.

Вчерашниот пораз на Милан е прв по враќањето на Ибрахимовиќ во редовите на „росо-нерите“. Швеѓанецот на крајот на декември дојде во Милан од Лос Анџелес галакси. Оттогаш Милан имаше четири победи и еден нерешен исход.

Коронавирус