петок, 18. септември 2020. Вести денес: 147
home Фудбал

Ибрахимовиќ останува во Милан, платата – шест милиони евра!

Ибрахимовиќ останува во Милан, платата – шест милиони евра!

Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ, иако пред пензија ќе остане да игра во Милан и во новата сезона, откако се договорил со раководството на „росонерите“ за годишната плата од шест милиони евра, објави угледниот италијански весник „Газета дело Спорт“.

Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 39 години, но барем за него годините на теренот не претставуваат проблем да игра на врвно ниво во Италија, па сезонава стана најстариот фудбалер во Калчото кој успеал да даде двоцифрен број на голови во сезона.

Тој во јануари дојде по вторпат на „Сан Сиро“ откако ја заврши американската авантура во ЛА Галакси, па на 18 меча даде 10 гола и уште еден во два меча во Купот на Италија. Покрај платата од шест милиони евра на Ибрахимовиќ му се загарантирани и бонуси од по пола милион евра за освојување на Лига Европа и пласман во ЛШ, а плус парична награда за број на постигнати голови.

Се очекува наскоро Милан да ја официјализира новата соработка.

Коронавирус