петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Напаѓачот на италијанскиот прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да настапи за фудбалската репрезентација на Шведска на претстојното Европско првенство.

Ибрахимовиќ го повреди коленото на мечот од Серија А против Јувентус минатата недела, а рехабилитацијата ќе трае околу три недели поради што нема да биде подготвен да и помогне на својата репрезентација на завршниот турнир што стартува на 11 јуни.

Како што е соопштено, по консултациите со 39–годишниот фудбалер, Шведската фудбалска федерација потврди дека Ибрахимовиќ нема да биде во составот за ЕВРО 2020.

Ибрахимовиќ во март се врати во составот на Шведска, пет години откако објави крај на репрезентативната кариера.

Шведска на Европското првенство ќе игра во Групата E против Шпанија, Пoлска и Словачка.

Коронавирус