недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Фудбал

Ибрахимовиќ: Мурињо може да ја освои титулата со Манчестер Јунајтед

Ибрахимовиќ: Мурињо може да ја освои титулата со Манчестер Јунајтед

Жозе Мурињо е вистинската личност, која може да му ја донесе титулата во Премиер лигата на Манчестер Јунајтед. Ова го изјави ѕвездата на Лос Анџелес Галакси – Златан Ибрахимовиќ.

И покрај тоа што „Црвените Ѓаволи“ имаа три порази од осумте дуели во Премиер Лигата и беше елиминиран во „Карабао купот“ од Дерби Каунти, Ибрахимовиќ верува во Мурињо.

– Мислам дека тој има вештини за победа во Премиер Лигата. Мислам дека тој е вистинската личност за овој клуб, за овој тим. Но тренерот е толку добар, тој не може да направи чуда ако тимот не е доволно добар. Неговиот тим е добар – тој напредува и се претставува подобро. Ова е негова трета година, играчите знаат повеќе за начинот на кој тој сака да игра – затоа верувам, да, може да ја освои титулата, рече Златан Ибрахимовиќ за „БетХард“.

Португалскиот стратег е постојано на критика, а се во јавноста кружи информација дека би можел да биде отпуштен наскоро.

Манчестер Јунајтед е рангиран на 8-то место во Англија.

МИА