Искусниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ беше најзаслужен за триумфот на Лос Анџелес Галакси против тимот на Филадејфија со 3:1
Филаделфија поведе во 29-та минута од натпреварот, но во второто полувреме Галакси на крилата на Златан стигна до голем пресврт.
Златан во 48-та минута му асистираше на Камари за изедначување, а во 63-та минута на сјаен начин ја затресе мрежата и му донесе пресврт на својот тим. Конечните 1:3 ги постави Мишел Сијани во 82-та минута.
That goal! ? Zlatan puts the @LAGalaxy ahead 2-1 #PHIvLA https://t.co/xkmmf2i2E2
— Major League Soccer (@MLS) July 22, 2018
Јунакот ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ продолжи да воодушевува и по крајот на мечот, додека одговараше на прашањата на американските новинари.
После натпреварот еден од новинарите го праша на кој начин ја променил американската култура досега, на што Ибра имаше карактеристичен одговор.
-Не знам дали сум ја променил, само ја работам својта работа. Имаат среќа што не дојдов пред 10 години, затоа што сега би бил претседател, кажа Ибрахимовиќ.