четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибрахимовиќ ќе паузира најмалку десет денови поради повреда

Ибрахимовиќ ќе паузира најмалку десет денови поради повреда

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, ќе паузира најмалку десет денови поради повреда на бутниот мускул на левата нога, јавија денеска локалните медиуми.

Ибрахимовиќ се повреди викендот на дерби натпреварот против Рома и предвреме го напушти теренот во 56 минута.

Неговата рехабилитација ќе трае најмалку десет денови, поради што шведскиот напаѓач нема да биде во составот на Милан за трите првенствени натпревари против Удинезе, Верона и Наполи, а ќе го пропушти и првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа против Манчестер јунајтед.

На дербито против Рома се повреди и Хакан Чалханоглу, кој со сигурност нема да може да му помогне на Милан за мечот против Удинезе. (МИА)

Коронавирус