понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 143
home Фудбал

Ибрахимовиќ е многу возбуден и едвај чека да почне со тренинзи во Милан

Ибрахимовиќ е многу возбуден и едвај чека да почне со тренинзи во Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли верува дека напаѓачот Златан Ибрахимовиќ ќе му помогне на тимот со своето искуство. Шведскиот фудбалер со нетрпение чека да почне со работа на „Сан Сиро“.

-Златан е воин, лидер, харизматичен играч кој има одлично чувство на одговорност и голема желба да победи. Тој ќе го стимулира целиот тим, неговиот придонес ќе биде клучен. Како најмлад тим во италијанскиот шампионат, се соочивме со некои тешкотии во однос на конкуренцијата. Ибрахимовиќ е играч, личност и лидер кој може да ни помогне да го пополниме овој јаз. Разговарав со него по телефон, тој е многу возбуден и едвај чека да тренира со нас. И јас не можам да дочекам да го тренирам, изјави Пиоли за „Кориере дела сера“.

Триесет и осумгодишниот Ибрахимовиќ по две сезони во Лос Анџелес галакси, се врати во Европа како играч на Милан. Неговата промоција во дресот на „росо-нерите“ се очекува до крајот на неделава. (МИА)

Коронавирус