вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

И Тухел ја коментираше „сапуницата“ околу Халанд: Очигледно е дека креираат трка за играчот

И Тухел ја коментираше „сапуницата“ околу Халанд: Очигледно е дека креираат трка за играчот

Овие неколку денови голема прашина крена посетата на Мино Раиола и таткото на Ерлинг Халанд, Алф Инге на неколку заинтересирани клубови за играчот од нападот.

Двоецот веќе оствари средба со првите луѓе на Реал Мадрид и Барселона, а сега наводно ќе следат средби и со англиските клубови, меѓу кои треба да биде и Челси.

И тренерот на Челси, Томас Тухел беше запрашан за можниот ангажман на Халанд во летниот преоден рок, а беше прашан и дали претставниците на играчот ќе се сретнат со челниците на клубот од Лондон.

– Нема да ви одговорам на тоа прашање поради почит кон играчот и Борусија Дортмунд. Тој е играч на Борусија Дортмунд, а јасно е дека сега се крена прашина поради активностите на неговиот агент. Очигледно е дека креираат трка за нивниот играч.

– Сепак, сите мора да прифатат, а и јас прифаќам, дека тој е играч на Борусија Дортмунд. Талент кој ветува многу, но јас ќе ја почитувам ситуацијата дека тој не е во нашиот состав, не е во клубот, па нема потреба да коментирам за него, -изјави Тухел.