Едсон Арантес до Насцименто или само Пеле, кралот на фудбалот се вакцинираше против Ковид-19. Тој на својот Инстаграм профил објави како му се инјектира вакцина на десното рамо.
“Денеска е незаборевен ден. Јас се вакцинирав“ напиша 80-годишниот Пеле.
Легендарниот фудбалер, веројатно најдобриот во историјата на фудбалот, повика и натаму да се држи дистанца и да се носат маски.
“Мораме да си помагаме едни на други“ дополни Пеле.