четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 79
home Фудбал

И овие пет средби во Серија „А“ се одложени заради коронавирусот

И овие пет средби во Серија „А“ се одложени заради коронавирусот
Pallone e banner Serie A Balls and serie A banner Roma 08-01-2017 Stadio Olimpico Football Campionato Serie A 2016/2017 Lazio - Crotone Foto Andrea Staccioli / Insidefoto

Уште 5 средби беа откажани во Серија „А“ како превентивна мерка против проширувањето на коронавирусот во Италија. Меѓу нив е и големото дерби на земјата помеѓу екипите на Јувентус и Интер. Двете екипи требаше да играат во недела, но тоа нема да се случи до 13 мај.

Другите средби се Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло – Бреша. Сите пет од овие мечеви генерално требаше да се играат при затворени врати.

Интер, исто така, не го одигра својот натпревар од претходниот круг кога „нероазурите“ требаше да се соочат со Сампдорија.

Многу е веројатно дека овие измени ќе предизвикаат голем хаос со програмата, затоа што на 13 мај беше закажано финалето за Купот на Италија.

Некој меѓу Јуве и Интер може да се квалификува за него, откако и двата тима се во полуфиналето.

Така, од оваа 26-та рунда ќе се одржат само пет средби:

Лацио – Болоња / сабота, 15:00 часот /
Наполи – Торино / сабота, 20:45 часот /
Лече – Аталанта / недела, 15:00 часот /
Каљари – Рома / недела, 18:00 часот /
Сампдорија – Верона / понеделник, 20:45 часот. (МИА)

Коронавирус