петок, 29. септември 2023. Вести денес: 101
home Фудбал

И донесе на својата репрезентација европско злато, а сега е на дното: Фудбалерот со македонско потекло потпиша за португалски второлигаш

И донесе на својата репрезентација европско злато, а сега е на дното: Фудбалерот со македонско потекло потпиша за португалски второлигаш

Ова лето се одбележаа пет години откако српскиот репрезентативен фудбал ја освои првата титула. Беше тоа на Европското првенство за младинци под селекторската палка на поранешниот македонски селектор Љубомир Друловиќ.

Многу играчи од таа генерација како Милинковиќ Савиќ, Митровиќ, Гачиновиќ, Максимовиќ направија и повеќе од успешни кариери, а некои од нив исчезнаа од фудбалската мапа, а најголемо разочарување меѓу нив беше капитенот на таа генерација на Србија, фудбалерот со македонско потекло Марко Павловски.

Тогашниот играч од средниот ред на ОФК Београд во Литванија пленеше со техника и талент и набрзо направи голем трансфер, од белградска Карабурма премина во португалскиот великан Порто. Но, таму во силната конкуренција не успеа да се избори за минутажа, дури ниту во Б тимот. Не се снајде ниту далеку помалиот белгиски клуб Мускрон, ниту во хрватски НК Сплит, па подоцна се врати таму каде што почна во ОФК Београд. Минатата сезона настапуваше за Вождовац, но ниту таму не ги исполни очекувањата. Ова лето му истече договорот, бараше нов клуб и на крајот го најде како слободен играч.

Павловски потпиша договор на две години со португалскиот второлигаш Варзим.

-Ова е клуб со богата историја, преубав стадион и верни фанови. Верувам во клупскиот проект и се надевам дека ќе направиме одлични работи. Варзим е престижен клуб и ќе направам се да му помогнам. Лига 2 е идеално натпреварување за играчите да напредуваат, изјави Павловски, кој своевремено се сметаше за еден од бисерите на фудбалот во овој регион и на кого сите му предвидуваа големи нешта во кариерата.

Инаку, за Павловски во минатото имаше интерес и од ФФМ, тие сакаа тој да настапува за репрезентацијата на Македонија, но тој одлучи да игра за Србија во која е роден.