сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

И Челзи го сака Ковачиќ

И Челзи го сака Ковачиќ

Челзи упатил барање до Реал Мадрид за цената на играчот од средниот ред на „белите“, Матео Ковачиќ.

Големата желба на лондонските „сини“ е да го привлече Арон Ремзи од Арсенал, но Ковачиќ е резервната опција.

Инаку, Челзи подготвува понуда од 30 милиони фунти за Рамзи, кој преговара за нов договор со „топџиите“.

Маурицио Сари го разгледува пазарот за опции во средниот ред и застана на Ковачиќ, кого добро го познава уште од неговите денови во Италија во дресот на Интер.

За хрватскиот репрезентативец, исто така, има интерес и од Манчестер Сити.

Медиумите во Шпанија вчера пишуваа дека Хрватот соопштил пред новиот тренер Хулен Лопетеги и раководството на „кралскиот“ клуб дека сака да ја смени средината, но допрва останува да дознаеме дали желбата ќе му биде исполнета.

Коронавирус