недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

И Борусија во трка за Бензема

И Борусија во трка за Бензема

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема на крајот од сезоната се очекува да го напушти шпанскиот клуб, а според британски „Гоал“ и Борусија Дортмунд е заинтересирана за францускиот интернационалец.

Досега за Бензема се интересираше првенствено Арсенал, меѓутоа сега и раководството на Борусија се вклучува во трка за потписот на 30-годишниот фудбалер.

Бензема во Мадрид дојде во 2009 година од Олимпик од Лион, а со Реал освои 15 трофеи вклучувајќи три во Лигата на шампионите и два во Примера.

Французинот има договор со Реал до 2021 година, а оваа сезона одигра 37 натпревари и постигна девет голови.

Според проценките најверојатно неговиот трансфер ќе чини околу 50 милиони евра.

Коронавирус