понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 143
home Фудбал

Хрватските фудбалски легенди поканети на финалето во Москва

Хрватските фудбалски легенди поканети на финалето во Москва

Хрватскиот фудбалски сојуз ги покани сите учесници од националниот тим на земјата, кои го освоија бронзениот медал на Мундијалот 1998, да присуствуваат на стадионот „Лужники“ во Москва за финалниот натпревар од Светското првенство во Русија меѓу Хрватска и Франција.

Пред 20 години, Хрватска загуби од Франција со 1:2 во полуфиналето, а потоа „петлите“ триумфираа со титулата. Во мечот за бронзениот медал, Хрватите ја победија Холандија со 2:1.

Со пласманот во финалето во Русија, „ватрените“ го подобрија своето најдобро постигнување на светските првенства, но нивните амбиции се да ја освојат титулата.

loading...