петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Фудбал

Хрватска забранува носење шалови на стадион, БББ одговорија маестрално! (ФОТО)

Хрватска забранува носење шалови на стадион, БББ одговорија маестрално! (ФОТО)

Пред судијата да означи почеток на натпреварот со Шахтер Доњецк, навивачите на Динамо Загреб, популарните Бед Блу Бојс, изведоа феноменална кореографија со шалови.

Големиот транспарент на кои беа испишани стиховите од песната на Хаустор – „Кога од мојот врат се виори шал… Јас сум слободен“, беше порака поврзана за измената на законот за навивачите, според кој фановите не смеат да влезат со шал на стадионите, зашто тоа овозможувало тие да ја покријат главата.