среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 32
home Фудбал

ХРВАТСКА ВО ДЕЛИРИУМ: Погледнете како низ целата земја се славеше историскиот успех на нивните фудбалери (ВИДЕО)

ХРВАТСКА ВО ДЕЛИРИУМ: Погледнете како низ целата земја се славеше историскиот успех на нивните фудбалери (ВИДЕО)

Во Хрватска владее вистински делириум, фудбалската репрезентација е финалист на Светското фудбалско првенство во Русија.

Хрватите имаа максимален скор во групната фаза, 9 бода од три натпревари, додека пак патот во елиминационата фаза беше доста потежок за нив, два пати во осминафиналето против Данска и во четвртфиналето против Русија, поминаа на пенали, додека пак последниот филтер до финалето го минаа по 120 минути игра.

Иако имаше негатива, Хрватска успеа да ја анулира со голот на Иван Перишиќ против Англија. Тој гол предизвика делириум низ цела Хрватска, а тоа го покажува и ова видео од плоштадот во Загреб.

Нов херој на хрватската нација од вчера е Марио Манџукиќ, кој постигна злато вреден гол, вреден пласман во натпреварот за големиот трофеј од Светското првенство. Уште еден гол кој сите Хрвати низ светот го прославија, а уште едно видео од Загреб покажува колку тој значеше за хрватска нација.

Голот на Манџукиќ страсно беше прославен и во Дубровник, а тоа го покажува ова видео:

Кога веќе се беше готово, кога Чунејт Чакир свирна за крај на мечот, тоа значеше можност за полнење на хрватските улици и прослава до раните утрински часови, прослава за историскиот успех, прослава за шансата која Хрватска ја доби, Хрватска во моментов е на само 90, можеби и 120 минути, а можеби и плус пенали до освојување на светскиот трон.