вторник, 3. август 2021. Вести денес: 89
home Фудбал

Хрватска победи кога највеќе требаше, Англија на крајот прва во својата група

Хрватска победи кога највеќе требаше, Англија на крајот прва во својата група

Денеска се одигра последното коло од групата „Д“ на ЕУРО 2020, по која Англија, Хрватска и Чешка сигурно продолжуваат во 1/8 финалето, и тоа Англија како првопласирана без примен, а со два дадени гола, додека Хрватска како второпласирана со победата над Шкотска во Глазгов со што освои четири бода, и благодарение на подобрата гол разлика е пред Шкотска.

Англија со голот на Стерлинг во првиот дел ја совлада Чешка и така продолжи во 1/8 финалето. Чешка, пак, го забележа првиот пораз на првенството.

Хрватска кога беше најмногу потребно, ја совлада Шкотска со 3:1. Хрватите речиси во целиот меч имаа контрола на играта и на крајот освоија важни три бода. Поведоа преку Влашиќ, но Шкотска израмни пред крајот на полувремето преку МекГрегор.

Меѓутоа во вториот дел Модриќ со убав гол донесе ново водство за Хрватска, а Перишиќ со глава стави печат на победата на „коцкастите“.

Коронавирус