вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Фудбал

Хрватска ќе има голема подршка на „Паркен“ стадионот во Копенхаген

Хрватска ќе има голема подршка на „Паркен“ стадионот во Копенхаген

Фудбалската репрезентација на Хрватска ќе има голема поддршка на „Паркен“ стадионот во Копенхаген за време на осминафиналниот натпревар против Шпанија од Европското фудбалско првенство.

Продажбата на хрватскиот сектор на стадионот во Копенхаген започнала денеска во 11 часот, а во 15 часот веќе биле распродадени сите билети, објави Хрватската фудбалса федерација и најави голема поддршка за фудбалерите.
За разлика од Шкотска каде не можеа да присуствуваат многу хрватски навивачи поради строгите ковид мерки и карантнот од 10 дена, во Копенхаген ќе биде поинаку, Хрватите ќе имаат сериозна предност.
Натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија се игра на 28 јуни од 18 часот, победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе вкрсти со подобриот од мечот меѓу Франција и Швајцарија.

Коронавирус