недела, 25. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Храбрите Унгарци до бод против фаворитот Франција

Храбрите Унгарци до бод против фаворитот Франција

Француската фудбалска репрезентација мораше да вложи сериозни напори за на крајот да освои барем бод во пресметката со еден од домаќините на Европското првенство.

„Пушкаш Арената“ е стадионот кој повторно ги разбуди емоциите кај сите фудбалски фанови поради тоа што нема никакви Ковид рестрикции во Унгарија, па така речиси 70-илјадната публика во Будимпешта одново уживаше во извонреден фудбалски натпревар.

Вистинска еуфорија настана на трибините кога Фиола погоди за водство од 1:0 пред крајот на првото полувреме, погодок кој дополнително ги осоколи Унгарците да веруваат во чудо и уште посплотено да се бранат од налетите на моќната Франција.

Антоан Гризман израмни на 1:1, но Унгарците успеаја да одолеат во продолжение и го освоија првиот бод на турнирот кој на големо се славеше на „Пушкаш Арената“ во унгарската престолнина.

Коронавирус