петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Фудбал

Хорор во Аргентина: Фудбалер уби голман со нож! (ВИДЕО)

Хорор во Аргентина: Фудбалер уби голман со нож! (ВИДЕО)

Улична тепачка меѓу двајца аргентински фудбалери во Буенос Аирес заврши со трагедија.

Безбедносните камери снимија како во неколку ситуации двајцата фудбалери се тепаат, а на крајот едниот со нож го убива другиот.

Факундо Еспиндола, голман кој бранел за аргентински нисколигаши, почина по смртоносен убод со нож. Како убиец е идентификуван Нахуел Овиедо, напаѓач на аргентински и чилеански клубови.

Двајцата фудбалери се спречкале додека биле пред еден ноќен клуб, а засега мотивите се непознати. Сведоците велат дека прво било само вербална провокација, а потоа и неколку пати физички се пресметале. Во еден момент на камерите се гледа како Овиедо во раката држи нож и го усмртува Еспиндола.

Коронавирус