понеделник, 26. септември 2022. Вести денес: 42
home Фудбал

Хорор сцени на „Гудисон“: Рондон му ја скрши ногата на МекКарти, па не можеше да ги сопре солзите (ВИДЕО)

Хорор сцени на „Гудисон“: Рондон му ја скрши ногата на МекКарти, па не можеше да ги сопре солзите (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Евертон и Вест Бромвич Албион нема да биде запаметен по играта и нерешениот резултат, туку многу повеќе поради скршеницата која ја доби домашниот фудбалер Џејмс МекКарти.

Во 58. минута од играта на „Гудисон Парк” МекКарти пожртвувано тргна по топката, поточно со еден лизгачки старт се обиде да го сопре шутот на Хозе Рондон, напаѓачот на ВБА.

Во обидот за шут на Рондон не заврши на топката, туку директно на ногата на Мек Карти. И веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда. Лекарите веднаш втрчаа на теренот, а останатиот дел од актерите во неверување се држеа за главите. Шокиран и избезумен од случката Рондо почна да плаче…

-Пукнаа тибијата и фибулата. Многу сериозна повредаоткри видно разочараниот тренер на „карамелите” Сем Алардајс.

И во минатото Џејмс МекКарти беше „навикнат” на повреди. Минатиот месец само што заздраве од една друга повреда, па во тековната сезона има само пет настапи за Евертон.

Поради разно-разни повреди, во изминатите три сезони овој ирски репрезентативец пропушти дури 62. мечеви за Евертон. А после оваа извесно е дека таа бројка ќе биде многу поголема.

Коронавирус