сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 2
home Фудбал

Хјулманд: Не видов пенал, чувствуваме горчина поради ваквата елиминација

Хјулманд: Не видов пенал, чувствуваме горчина поради ваквата елиминација

Селекторот на данската фудбалска репрезентација Каспер Хјулманд искажа незадоволство од досудениот пенал за Англија синоќа во полуфиналето на ЕВРО 2020.

Во 104-та минута беше досуден пенал против Данците за наводен прекршок над Рахим Стерлинг. Хари Кејн го реализира пеналот откако голманот Каспер Шмајхел, ја одби кусо топката по првиот удар.

Моментот со падот на Стерлинг предизвика контроверзии. На социјалните мрежи англискиот фудбалер е изложен на исмејување обвинет за глума.

– Ја прегледав ситуацијата неколку пати. Јас едноставно не видов прекршок за пенал. Тешко е да изгубите на ваков начин. Штета за момците, многу е горко вака да бидат елиминирани, изјави Хјулманд.

Во финалето, Англија на 11 јули исто така во Лондон ќе се соочи со Италија.

Коронавирус