петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Фудбал

ХИТ ВИДЕО: Аргентинец бараше прекршок од судијата, а не сфати дека беше „фаулиран“ од гулаб

ХИТ ВИДЕО: Аргентинец бараше прекршок од судијата, а не сфати дека беше „фаулиран“ од гулаб

Аргентина синоќа изборија пласман во полуфиналето во Копа Америка со победа против Венецуела со 2-0.

Гаучосите одлучно го отворија мечот и поведоа веќе во 10. минута, кога мрежата на Венецуела ја затресе Лаутаро Мартинез кој ефектно со пета постигна гол.

Аргентинците го решија мечот со вториот гол во 74. минута, а конечните 2-0 ги постиави Ло Целсо.

Но, на самиот почеток на мечот се случи урнебесен детал. Топката ја имаше аргентинскиот играч Родриго Де Пол кој заврши на тревата и бараше прекршок, а потоа во успорената снимка се виде дека тој беше „фаулиран“ од гулаб кој беше на теренот.