среда, 26. септември 2018. Вести денес: 105
home Фудбал

ХИТ ФОТО: Чувал кози по хрватскиот крш, а сега ја води репрезентацијата до врвот

ХИТ ФОТО: Чувал кози по хрватскиот крш, а сега ја води репрезентацијата до врвот

Фудбалерите на Хрватска остварија голем успех, со оглед на тоа дека на Светското првенство ќе се борат за пехарот со Французите. Еден од најзаслужните за неверојатното искачување до врвот е Лука Модриќ.

Тој е најсилната карика на хрватскиот тим, ас на мадридскиот Реал. И токму тој е центарот на вниманието во земјата на финалистите на Мундијалот, но не толку поради одличната игра, колку благодарение на заборавено видео од 1990 година.

Имено токму тогаш Павле Балановиќ на велебитскиот крш во Хрватска го снимил документарниот филм „Напад на волковите“ и фатил кадар кој станал голем хит. Во еден дел на снимката се појавува токму Лука Модриќ кој тогаш имал пет години. Тој во кршот во близина на Задар во преголема јакна со стап чува кози.

Балановиќ потврдил дека се работи за Модриќ.