сабота, 28. март 2020. Вести денес: 89
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

ХИСТЕРИЈА: Фудбалски клуб го избрка тренерот поради страв од коронавирусот

ХИСТЕРИЈА: Фудбалски клуб го избрка тренерот поради страв од коронавирусот

Унгарскиот фудбалски клуб Хонвед презеде решителни мерки за да ги заштити играчите и раководството со тоа што се раздели до тренерот Џузепе Санино. Причината не се лошите резултати, туку тоа што роднините на Санино се од регионот Ломбардија, каде што е срцето на епидемијата од коронавирус во Италија.

Шефовите на Хонвед наместо да му забранат да се доближува до нив, одлучиле да го тргнат Италијанецот од клупата за да не случајно го пренесе вирусот во Будимпешта и во Унгарија.

-Раководството на Хонвед се раздели со тренерот Џузепе Санино и помошникот Алесандро Реценти. Има сомнежи дека и двајцата може да се заразени со коронавирус и затоа сме претпазливи и сме должни на секој начин да се заштитиме себеси и фудбалерите и навивачите. Привремено тимот ќе биде предводен од Иштван Писонт, пишуваат Унгарците.

Извор: СпортМедиа