петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 120
home Фудбал

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени
epa04755803 West Bromwich Albion's Saido Berahino celebrates scoring the opening goal against Chelsea during the English Premiership league soccer match between West Bromwich Albion and Chelsea at the Hawthorns stadium in Birmingham, Britain 18 May 2015. EPA/LINDSEY PARNABY DataCo terms and conditions apply https://www.epa.eu/downloads/DataCo-TCs.pdf

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити, Саидо Берахино за три години успеа да постигне само два гола, но летово, за неполни два месеца постигна  жени.

Неговата поранешна вереница Стефани Кристофору на 30 мај го роди синчето Коста, а пак, неговата љубовница Челси Ловлејс на 17 јули му роди ќерка – Анија Мери.

Кај двата случаја, 25-годишниот африкански фудбалер е впишан како татко… Но, сега се појави уште една жена која тврди дека Берахино е татко и на нејзиното дете кое е родено на 15 јуни. Жената, чие име не се открива, на суд бара Берахино по третпат да се најде како татко во матичната книга на родени.

Берахино, најплатениот играч на Стоук, со неделна заработка од 70.000 фунти, и Стефани, бизнисменка од Бирмингем, ја објавија својата свршувачка лани во јуни. Но, таа го напушти веднаш откако дозна за неговата афера со старлетата Челси. (МИА)

Коронавирус