петок, 5. март 2021. Вести денес: 122
home Фудбал

Херта остана без тренерот Лабадија

Херта остана без тренерот Лабадија

Бундеслигашот Херта објави крај на соработката со  тренерот Бруно Лабадија. Следејќи го стручњакот, управниот директор Мајкл Прец исто така го напушти тимот.

Раководството на германскиот клуб реши да му врачи отказ на тренерот по вчерашниот висок пораз од Вердер Бремен (1:4).

До крајот на тековната сезона, за спортски директор е назначен Арне Фридрих. Претходно беше објавено дека местото на 54-годишниот тренер може да го заземе Пал Дардаи, кој работеше со тимот од Берлин од 2015 до 2019 година.

Лабадија ја предводеше Херта од април 2020 година. Тимот во моментов е на 14. место во поредокот на германскиот шампионат со 17 бода.

Коронавирус