вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 145
home Фудбал

Хејнкес синоќа стана рекордер

Хејнкес синоќа стана рекордер

Тренерот на германскиот шампион Баерн Минхен, Јуп Хејнкес стана рекордер во Лигата на Шампионите. Тој со вчерашната победа против Севиља стана првиот тренер во историјата кој стигнал до 12 победи по ред во најелитното фудбалско натпреварување.

Хејнкес серијата ја почна во шампионската сезона за Баерн, 2012/2013 почнувајќи од четвртфиналето, кога ги победи Јувентус и Барселона во сите натпревари, а победи и против Борусија Дортмунд во финалето.

Иако ги напушти Баварците и се очекуваше да оди во пензија по доаѓањето на Пеп Гвардиола, тој се врати оваа зима. Откако дојде тој ги победи сите натпревари во групната фаза, но и во осминафиналето против Бешикташ.

Коронавирус