вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Хаос на Кипар: Уапсен фудбалер за наместени натпревари!

Хаос на Кипар: Уапсен фудбалер за наместени натпревари!

Само два дена откако автомобил на судија на Кипар беше дигнат во воздух, па терористичкиот чин го одложи првенството на Кипар, па фудбалот на Островот во Медитеранот дополнително стана хаотичен откако фудбалер во оваа земја бил уапсен поради местенки, објави агенцијата „АП“.

Полицијата на Кипар објавила дека е уaпсен фудбалер, чиј идентитет не го открива, но дека апсењето доаѓа поради поврзаност со фудбалски малверзации на два меча за кои имало сомневања за „тешки активности со обложувањето“. Станува збор само за фудбалер кој игра во Втората лига, но кој местел мечеви во ова натпреварување, но и Купот на Кипар.

Засега не се соопштува дали од овие два меча ќе се прошири истрагата и на повеќе, но хаотичната состојба на Кипар кулминира, после „терористичкиот чин“ и одлуката на судиите во земјата да протестираат, па поради тоа викендов немаше коло.

Денеска раководните луѓе на федерацијата ќе имаат состанок со судиите за повторно да се игра фудбал, а министерот за правда, Џорџ Савидис најавил дека е побарана помош од УЕФА да добијат странска стручна помош во борбата со местенките. Проблем на Кипар е законската регулатива која не дозволува телефонско прислушкување според ПИ-мерки за тешки кривични дела.

Извор: Спорт1

Коронавирус