Фудбал по успешната дебитанска сезона

Ханси Флик добива нов договор од Барселона

Ханси Флик добива нов договор од Барселона

Германецот и тренер на Барселона Ханси Флик  ќе остане во клубот до јуни 2027 година.

Откако пристигна на клупата, германскиот стручњак донесе одлична атмосфера во соблекувалната на Барселона.

Оваа сезона тие Барса е еден од најдобрите тимови во Европа и беше многу блиску до трофеј во секое можно натпреварување. На крајот, ќе мора да се „задоволи“ со три трофеи, бидејќи е на два бода од Примера, а веќе триумфираше во Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија.

Со вчерашниот триумф над „кралскиот“ клуб, Флик стана само вториот тренер кој славел во првите четири „Ел Класика“ – придружувајќи му се на Пеп Гвардиола кој досега беше сам на таа листа.

Многу фудбалери процветаа под водство на Германецот, а Барселона брзо стана една од најдоминантните сили на стариот континент.

To top