вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 114
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Фудбал

Хамшик зимава ќе замине од Наполи

Хамшик зимава ќе замине од Наполи

Словачкиот фудбалер Марек Хамшик во текот на зимскиот период ќе го напушти Наполи, јавија италијанските медиуми.

Хамшик, кој со години беше еден од најдобрите играчи во Наполи, со доаѓањето на тренерот Карло Анчелоти е истиснат во втор план. Тој оваа сезона одигра 90 минути самo на еден натпревар и тоа против Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.

Неговиот договор истекува во 2020 година, а ова е последна можност Наполи да заработи од неговиот трансфер. Според италијанските медиуми 31-годишниот фудбалер кариерата би можел да ја продолжи во Кина.

Хамшик во Наполи дојде во 2007 година, досега има настапено на 503 натпревари и со 120 постигнати голови е најдобар стрелец во историјата на клубот. (МИА)

Парламентарни избори 2020