среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Фудбал

Хамшик заминува од Наполи

Хамшик заминува од Наполи

Италијанската лига може да остане без една од најголемите ѕвезди овие денови!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по триумфот над Сампдорија во саботата (3:0) призна дека капетанот на овој клуб, Марек Хамшик, сака да ја продолжи кариерата во Кина.

За трансферот на 31-годишниот играч од средниот ред, која пристигна во Наполи во 2007 година, се шпекулираше уште минатата година, но Словакот потоа одлучи да остане во Сан Паоло.

Сепак, сега се чини дека дојде време за разделба. Како што објавија медиумите на Апенините, трансферот на Хамшик во Далијан Џифанг за 25 милиони евра ќе се реализира во наредните ден или два.

– Преговорите се во тек, а во согласност со Марек, ќе донесеме решение што ќе се случи. Клубот го почитува многу, со Наполи тој испиша историја, но сака нов предизвик и ние ќе се обидеме да го направиме среќен, рече Анчелоти.

Тој додаде дека преговорите се одвиваат долго време и дека сè ќе биде познато наскоро.

– Ништо не криеме. Иако сме загрижени соклубот, ако некој играч сака ново искуство, ние сме подготвени да му ја исполниме желбата, изјави стратегот на Наполи.