сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд во Манчестер сити избра сè освен една работа! (ВИДЕО)

Халанд во Манчестер сити избра сè освен една работа! (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд вчера постигна два гола за Норвешка во победата над Шведска (3-2), а денеска пристигна во Манчестер сити, каде што беше претставен како нов фудбалер на шампионот.

Норвежанецот со „граѓаните“ потпиша договор, откако Манчестер сити ја активираше откупната клаузула во неговиот договор со Борусија Дортмунд.

„Ова е горд ден за мене и моето семејство. Манчестер сити ми беше омилен клуб кога бев дете“, кажа Халанд.

Интересно е тоа што Халанд сè уште не избра број во новиот тим, иако ја сака деветката која во моментов му припаѓа на Габриел Жесус.

Бразилецот наскоро се очекува да ги напушти „граѓаните“, па Халанд најверојатно го чека неговото заминување за да добие нов број на дресот.

Коронавирус