недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд не се појави на стартот на подготовките, медиумите пишуваат за луда понуда на Челси

Халанд не се појави на стартот на подготовките, медиумите пишуваат за луда понуда на Челси

Ерлинг Халанд синоќа не се појави во тренинг комплексот на Борусија Дортмунд на првата прозивка за новата сезона, медиумите шпекулираат дека Челси подготвува луда понуда од 175 милиони евра.

Името на Ерлинг Халанд речиси секој ден е дел од трансфер шпекулациите на медиумите, напаѓачот е желба на неколку гиганти ширум Европа.

Синоќа тој требаше да се врати во Дортмунд, да ги направи лекарските прегледи пред почетокот на новата сезона, но не се појави во тренинг комплексот на „милионерите“.

„Ерлинг е веќе во Англија“ – на шега порача спортскиот директор Михаел Цорк.

Останува да се види дали Борусија Дортмунд ќе успее да го задржи Ерлинг Халанд, веќе неколку дена кружат гласини дека Челси подготвува луда понуда.

Наводно „сините“ се подготвени на маса да стават 175 милиони евра и Норвеженецот да стане третиот најскап фудбалер во историјата по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра).

Локални избори 2021